Во земјотресот во Турција загинаа најмалку 20 луѓе, повредени се над 900
Земјотресот бил со јачина од 6,9 степени и почувствуван во соседните земји, Сирија, Либан и Иран.
Според турската агенција за управување со вонредни состојби, 16 лица загинале во Елазиг, а уште четири во соседната провинција Малатија.
Повредените биле згрижени во болниците во регионот.
Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека спасувачите трагаат по 30 лица за кои се верува дека се под урнатините.
Дирекцијата за управување со вонредни ситуации (АФАД) соопшти дека епицентарот на потресот е регистиран во местото Сивриџе, недалеку од градот Елазиг.
АФАД формираше кризен штаб, а од бројни турски градови во Елазиг се упатени голем број спасувачки служби.
Земјотресот се почувствува и во околните градови Адана, Хатај и Османије, дури на подрачјето на северните делови на Сирија и Ирак.
Од АФАД исто така е потврдено дека по овој земјотрес се регистрирани уште 60 дополнителни потреси со послаб интензитет, меѓу кои осум посилни со интензитет од 4.0 по Рихтер.
Претседателот на Големото народно собрание на Република Турција Мустафа Шентоп изјави дека по вечерашниот земјотрес сите надлежни институции и служби се на терен.
Во регионот погоден од земјотресот на граѓаните им се дадени на располагање јавните домови, спортските сали, училишта и други објекти кои можат да послужат за привремено сместување, јави Анадолија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација