Во вториот круг се избираат градоначалници за 35 општини
Во вториот круг од локалните избори што ќе се одржи денеска граѓаните ќе избираат градоначалници во 35 општини.
Од скопските општини ќе се гласа во Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари и Сарај.
Во Кисела Вода, Гази Баба и Бутел ќе се гласа меѓу кандидатите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, во Чаир и во Сарај меѓу кандидатите на ДУИ и на БЕСА, а во Шуто Оризари меѓу кандидатот на СДСМ и кандидатот на Сојузот на Роми.
Од останатите општини втор круг ќе има во Штип, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Виница, Демир Капија, Македонска Каменица, Македонски Брод, Кавадарци, Пробиштип, Градско, Јегуновце, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Могила, Зрновци, Новаци, Брвеница, Чешиново-Облешево, Боговиње, Врапчиште, Долнени, Желино, Липково, Теарце, Студеничани и Карбинци.
Во првиот круг од локалните избори беа избрани градоначалник на Град Скопје и градоначалници во 45 општини.
Ново на Сител
-
Вечерва консултации за новиот француски предлог
-
ВМРО-ДПМНЕ на Извршен комитет
-
СДСМ на седница на претседателство
-
Пристигна модификуван француски предлог, владата најавува широк консултативен процес
-
ВМРО-ДПМНЕ го свика Извршниот комитет, СДСМ уверува дека јазикот е чист, протоколот и историјата не се во рамката
-
Тема на денот со претседателот Стево Пендаровски
-
Интерпелација за Џафери
-
Путин: Нема проблем Шведска и Финска да влезат во НАТО, но ќе одговориме на ист начин за инфраструктурата на НАТО во овие земји