Македонија
28. May 2022 - 18:32

Во Враништа до електричен ормар пронајдено е починато лице

На 27.05.2022 во 10.00 часот било пријавено дека во двор од фабрика во с.Враништа, струшко, во близина на електричeн ормар, е пронајден починат вработениот Д.Р.(59) од с.Враништа,  најверојатно од струен удар.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, Трудов инспектор, вештак по електротехника и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.