Свет
17. January 2017 - 10:09

Во Виена се запалиле бездомници

Во обид да се стоплат синоќа во Виена се запалиле бездомници, од кои една жена починала. 

Портпаролот на виенската полиција Томас Кајблингер, соопшти дека двајца бездомници со бензин се обиделе да запалат оган со цел да се стоплат. 

- Утврдено е дека двете жртви непосредно пред несреќата купиле литар ипол бензин на една бензинска пумпа и го наточиле во шише за сок, објасни Кајблингер.

Кога интервентите сили дошле на местото на несреќата двете лица биле во пламен. 

Жената не можела да се спаси, а мажот е префрлен со возило на брза помош во болница.