Свет
27. August 2016 - 10:19

Во Велика Британија уапсени пет лица за поттикнување тероризам

Тимот за деминирање од британската војска вчера беше упатен во Бирминген, откако претходно полицијата уапси петмина мажи поради сомнение дека се вмешани во поттикнување тероризам.

По апсењето, од претпазливост, тимот за отстранување бомби беше испратен во квартот Ли Бенк во Бирмингем.

Други детали за овој случај не се познати.