Македонија
2. January 2019 - 12:08

Во Велес првото бебе е машко

 Во Одделението за гинкологија и акушерство во велешката ЈЗУ Општа болница, утрово во 10 часот и 16 минути, се роди машко бебе, прво во оваа година. Бебето е тешко 2.930 грама, а долго 49 сантиметри. Мајката е Сибил Кариманова, која се породи со царски рез. Од болницата информираат дека и мајката и бебето се добри.

Градоначалникот Аце Коцевски ги посети мајката и бебето и од Општина Велес им додели 12 илјади денари.

-Лани во велешката болница се родиле 505 бебиња. До пред десетина години кога се раѓаа и по илјада и повеќе ова е половина од тој број, што значи дека наталитетот опаѓа, велат од велешката болница.

Во оваа болница, освен од Велес и велешко се породуваат и жени од Свети Николе, Неготино, Лозови и други соседни општини.