Во Варшава преговори за транзит на украинска храна преку Полска
Украинскиот министер за земјоделство Микола Солски денеска најави преговори во Варшава, за Полска да дозволи транзит на храна и жито преку нејзина територија.
Барањето уследи откако Полска и Унгарија забранија увоз на жито и други земјоделски производи, со цел да го заштитат националниот земјоделски сектор. Варшава забрани и транзит за украинското жито и други прехранбени производи.
Солски најави дека за украинското жито ќе се разговра со Романија на 19 април, а следниот ден со Словачка.
- Сметаме дека првиот чекор треба да биде отворањето на транзит, бидејќи тоа е многу важно и тоа треба да се направи безусловно, а потоа ќе разговараме за други работи, истакна Солски.
ЕК вчера ги оцени како неприфатливи едностраните акции Полска и Унгарија, за забрана за увоз на украинско жито, потенцирајќи дека трговската политика е исклучиво во надлежност на Европска Унија.
- Свесни сме за мерките што ги објавија Полска и Унгарија за забраната за увоз на жито и други земјоделски производи од Украина. Во овој контекст, важно е да се нагласи дека трговската политика е исклучива надлежност на ЕУ и затоа едностраните дејствија се неприфатливи, изјави портпаролот на ЕК.
Некои црноморски пристаништа беа блокирани по руската инвазија на Украина минатата година, а големи количини украинско жито, поевтино од она што се произведува во ЕУ, завршија во земјите од Централна Европа поради логистичките „тесни грла“. Ова се одрази на цените и продажбата на локалните земјоделци.
Украина најголем дел од своите земјоделски производи, особено жито, ги извезува преку нејзините пристаништа на Црното Море, кои беа деблокирани во јули минатата година со договор меѓу Украина, Русија, Турција и Обединетите нации.
Ново на Сител
-

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира дел од изјавите
-

Кои се светите браќа Кирил и Методиј и зошто ги славиме
-

Силни експлозии во Киев по предупредувањето за масовен руски напад со балистички ракети
-

Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина
-

Приведени 23 лица по немирите во Белград
-

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
