Балкан
26. November 2022 - 12:15

Во Тирана утре заедничка седница на Парламентите на Албанија и на Косово

 По повод 110-годишнината од независноста на Албанија, утре во Собранието на Албанија во Тирана ќе се одржи заедничка свечена седница на албанскиот и на косовскиот парламент.

На почетокот на седницата пред пратениците ќе се обратат претседателката на Собранието на Албанија, Линдита Никола и претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца.

По нив ќе зборуваат премиерите на Албанија и Косово, Еди Рама и Албин Курти, како и шефовите на пратеничките групи.

Одбележувањето на 110-годишнината од независноста на Албанија ќе биде придружено со културни и други активности.