Свет
26. October 2016 - 9:28

Во Тихиот Океан гори брод под тајванско знаме и со 52 лица на него

Брод, кој плови под тајванско знаме, со 52 лица не него гори во Тихиот Океан, соопшти денеска јапонската крајбрежна стража, јави ТАСС.

Бродот се наоѓа на 510 километри источно од префектурата Ивате.

Јапонските власти соопштија дека тајванскиот брод се судрил со друг брод, што било причина за пожарот.

Засега нема информации за состојбата на другиот брод. 

На местото на несреќата се испратени бродови на јапонската крајбрежна стража.