Свет
3. January 2016 - 10:04

Во Техеран уапсени 40 лица по нападот врз Амбасадата на Саудиска Арабија

Во Техеран се уапсени 40 демонстранти поради синоќешниот напад врз саудиската Амбасада, изјави обвинителот на иранскиот главен град. 

До моментов 40 лица, кои навлегле во внатрешноста на Амбасадата се идентификувани и приведени.

Продолжува истрагата со цел да бидат идентификувани сите виновници за тој акт, изјави Абас Џафари Долатабади.