Во Србија нема заразени со коронавирус, ќе са набават пет милиони хируршки маски
Во Србија до денес не се пријавени случаи на заболени од коронавирус (КОВИД-2019), соопшти Министерството за здравство, кое двапати на ден ги ажурира информациите за вирусот.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, до вчера во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак тестирани се 25 лица за кои постел сомнеж дека го имаат вирусот, а примероците од сите тестирани биле негативни на коронавирус.
Министерството за здравство објави и видео снимка со информации за граѓаните за новиот коронавирус, во кое се потсетува дека симптомите на болеста се треска и кашлица, а за да се намали ризикот од инфекција потребно е сите да се грижат за личната хигиена и да ги следат упатствата на Министерството за здравство.
На граѓаните кои чувствуваат симптоми им се препорачува да останат дома, да не одат на јавни места, работа, училиште, градинка.
-Ако сте дојдени од Кина или северна Италија или друо жариште, контактирајте го Министерството за здравство. Останете дома 14 дена и намалете ги вашите контакти, се порачува во видеото.
За апотеките и здравствените установи во Србија ќе бидат набавено пет милиони хируршки маски, а здравствените власти планираат да ја ограничат нивната куповина, односно едно лице да може да купи неколку парчиња, пишува денешна „Политика“.
-Во државните аптеки имаше маски, но не и во сите приватни. Имаме доволно резерви за се што е потребно доколку се појави коронавирусот, соопштија од Министерството за здравство.
Од Сојузот на приватните апотеки на Србија потенцираа дека нано-маските кои ги увезувале, повеќе не пристигнуваат затоа што некои од земјите кои ги производуваат решиле да ги сочуваат за своите граѓани.
Ново на Сител
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ