Македонија
20. October 2018 - 11:03

Во сообраќајка загина 19-годишно момче, сопатничката пренесена во скопските клиники

Деветнаесетгодишно момче од Свети Николе почина во сообраќајна несреќа синоќа по полноќ.

Како што соопшти полицијата, тој изгубил контрола врз автомобилот и удрил во дрво, поради што починал на лице место.

Со тешки телесни повреди се здобила неговата 16-годишна сопатничка од Свети Николе која по укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Штип била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.