Во Собранието заврши расправата за Националната стратегија за спречување на корупција, закажана нова седница
Собранието доццна попладнево го заврши општиот претрес по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, што е 21 точка од 32 седница. Во салата беа присутни 65 пратеници, по што претседателот на Парламентот Талат Џафери побара да се гласа за сите точки од 32 седница за кои е завршена расправата, а по кои не се гласаше поради немање кворум.
– По завршување со 32 седница, продолжуваме со нова, 36 седница на Собранието, рече Џафери.
По ова, реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски, кој забележа дека пратениците не биле претходно информирани дека ќе има нова седница, 36-та. И побара прво да се гласа по 21 точка од 32-та седница, односно за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.
– Расправата по оваа точка трае три дена. Со оглед дека претседателката на Комисијата за спречување на корупција Билјана Ивановска е присутна постојано во салата, да гласаме прво за Националната стратегија за спречување на корупција, за Ивановска да може да си замине, а потоа да гласаме за другите точки, рече Мицевски.
На ова претседателот Џафери реагираше дека дебатата за Стратегијата е завршена, а претседателката на Комисијата за спречување за корупција не е обврзана да биде присутна во салата на чинот на одлучување.
По ова, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ побара еден час пауза за да се консултираат во пратеничката група за закажаната нова 36 седница.
Процедуралната забелешка беше прифатена од страна на претседателот на Собранието, кое треба да продолжи со работа во 19 и 20 часот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација