Македонија
14. May 2018 - 17:05

Во случајот ,,ТЕНК‘‘ и СЈО и одбраната вадеа нови докази

Изјавата на премиерот Заев дека правдата во Македонија ќе стигне со пресудата за предметот Тенк, според Груевски е уште еден доказ дека судските предмети на Специјалното обвинителство се политички монтирани. Екс-премиерот обвинува дека постои договор помеѓу Заев и судиите кои ги водат предметите Тенк и Поткуп.

Адвокатите на денешното рочиште презентираа и нови докази со кои го побиваат вештачењето на Специјалнто обвинитеслтво, а тврдат и дека про набавката на блиндираниот мерцедес не е фаворизиран генералниот застапник.

И покрај противењето на одбраната нови докази на денешното рочиште поднесе и Специјалното обивнителство, со што заврши доказната постапка за предметот Тенк. На рочиштетот во четврток ќе бидат презентирани завршните зборови, додека веќе следната недела се очекува и првата пресуда за предмет на СЈО во кој е обвинет Груевски.