-->
-->
Во Скопје санкционирани 116 возачи
-->

Вкупно 116 мерки, меѓу кои 17 санкции за непочитување на брзината на движење им се изречени на возачите во вчерашната акциска контрола од областа на сообраќајот што ја спроведе Министерството за внатрешни работи на територијата на град Скопје.
При тоа, како што информира МВР, изречени се и 17 мерки за управување под дејство на алкохол, 13 санкции за возење без возачка дозвола, четири мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор, осум мерки за користење на мобилен телефон...
Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Комеморативна седница во Собранието
-

Евакуирана трета група Македонци од Блискиот Исток
-

Лекарите трпат насилство, а ретко пријавуваат
-

Цените на такси услугите во Штип остануваат непроменети
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
