Loading Video...
Свет
29. November 2020 - 16:32

Во Сингапур родено бебе со антитела на ковид 19

Во Сингуапр е родено бебе со антитела на Ковид-19. Мајката за време на бременоста била позитивна на вирусот. Мојот лекар претпоставува дека сум ги пренела своите антитела на плодот за време бременоста изјавила мајката за весникот Стрејтс тајмс. Случајот им даде нова трага на научниците за тоа дали бремена жена со ковид 19 може да го пренесе вирусот на нејзиното бебе за време на бременоста или породувањето.

Почна испораката на вакцината на Фајзер во САД

Од Белгија во САД се  испорачните првите дози вакцини против Ковид 19 на американската фармацевтска компанија Фајзер. Вакцините се транспортираат во сув мраз а транспортот го врши американската авиокомпанија Јунајтед ерлајнс. Германската фармацевтска компанија Бајонтек и нејзниниот американски партнер Фајзер поднесоа барање за одобрување за итна употреба до европските и американските институции.Се надеваат да добијат дозвола околу средината на декември по што како соопштија веднаш ќе почнат со дистрибуција на вакцините во Америка и Европа.

Немири во Париз поради фотографирање и снимање на  безбедносните сили  

Француската престолнила синоќа  беше сцена на судири меѓу полицијата и демонстрантите. Илјадници луѓе излегоа на протести против предлогот да се ограничи можноста да се фотографираат и снимаат безбедносните сили.  Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера разбеснатите демонстранти кои користеа молотови коктели и фрлаа шишиња и уништуваа објкети. Со повреди завршија 62  полицајци. Протестите почнаа мирно а во нив учествуваа и новинари.

Полициските службеници извршуваат многу важна работа, но не станува збор за тоа. Овде се работи за маскимално органичување наможноста на граѓаните и новинарите да документираат полициско насилство кога тоа   ќе се случи вели уредник на Ел Мондо.

Плажите во Синдеј преполни со луѓе, температурата денес 40 степени Целзиусови

Измината ноќ во Синдеј била најтоплата ноевмвриска ноќ од 1967 година. Темепратурата надминала 25 степени Целзиусови а дневната темепратуриа според метеорлошките прогнози се очекува да достигне 40 степени Целзиусови. Плажите се преполни со луѓе а здравствените власти  ги потсетија  посетителите да се држат до прописите за социјлна дистанца со цел да се спречи потенцијлано ширење на коронавирусот. Поради високите температури  противпожарната служна на Нов Јужен велес издаде предупредување за шумски пожари за поголемиот дел од источниот и североисточниот дел на земјата.