Македонија
19. јуни 2019 - 10:17

Во штипските средни училишта запишани 612 ученици

Во првиот уписен рок во средните  училишта во Штип се запишаа  612 ученици. Како што информира раководтелката на Секторот за образование и ЛЕР во Општина  Штип, Билјана Казанџиска најмногу  ученици се запишале во средното медицинско училиште (СОУ) „Јане Сандански“, каде што за 238 слободни места конкурирале  250 ученици, во средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ аплицирале вкупно  221 ученик, од кои најголем интерес има за информатичката и угостителската струка.

– Во штипската гимназија „Славчо Стојменски“ имаме 125 ученици, додека 16 ученици во средното текстилно улчилиште „Димитар Мирасчиев“. Инаку, во Општина Штип во средните училишта има слободни места за упис на 984 ученици од кои најмногу  во „Коле Нехтенин“, односно можат да се запишат  340 ученици во трите струки машинска, електротехничка и угостителка , вели Казанџиска.

Годинава  деветто одделение  во петте основни училишта во општините Штип и Карбинци   завршија 419 полуматуранти.  Вториот уписен рок во средните училишта е на 24 и 25 јуни