Македонија
6. July 2020 - 15:46

Во Штип засилена полициска контрола на возачи на мопеди и мотоцикли

Во акциска контрола на полицијата во Штип спроведена викендов откриени се 113 прекршоци од страна на возачи на мопеди и мотоцикли. 

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајтова информира дека 17 прекршоци се за немање возачка дозвола – потврда, 46 за неносење заштитен шлем, по седум за нерегистрирани мопеди и мотоцикли и за немање полиса за осигурување, двајца за неносење возачка дозвола и 33 се останати прекршоци.

На сите сторители им се издадени прекршочни платни налози и записници за сторен сообраќаен прекршок. Привремено се одзеле и три мотоцикли без соодветна документација.

Панајотова информира дека во текот на викендов на подрачјето на СВР-Штип регистрирани се и 107 прекршоци за неносење лична заштитна опрема.