Бизнис
11. October 2017 - 21:35

Во Штип ќе се гради пречистителна станица

По примерот на општина Кочани, каде во тек е изградбата на пречистителна станица за отпадни води, вредна 20 милиони евра и Штип ќе ја штити река Брегалница од загадување со една ваква инвестиција. Станицата ќе се гради кај Калимерово, на површина од 4 ха, а целиот проектот ќе биде финансиран со средства од ИПА 2 програмата.

- Од страна на Министерот за животна средина и просторно планирање добивме потврдно решение, односно задолжително спроведување на студија за оцена на влијание на животна средина од оваа активност-изјави Кристина Петревска, експерт за животна средина

- Ние како екологости апелираме оваа студија да биде нешто што ќе се случи на терен, за конечно Штип да се спаси од отпадните води и да биде почист град-изјави Јорданка Калајџиеска, претседател на Еколошко друштво „Виножито“-Штип

Изградба на пречистителни станици долж коритото на река Брегалница е обврска за исполнување на европските стандарди, но и за обезбедување здрава и чиста вода за пиење во бунарските сиситеми.