Свет
3. May 2016 - 11:02

Во Шпанија уапсени четири лица заради ширење џихадистичка пропаганда

Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека полицијата уапсила денеска во реонот на Мадрид четири лица осомничени за распространување џихадистички идеи и врбување следбеници.

Двајца Мариканци се приведени во градот Пинто, а еден Шпанец и еден Мароканец во Сиемполуерос, јужно од Мадрид. Лицата биле дел од организиран група која засилено работела на ширење пропаганден материјал преку интернет.

Групата воспоставила контакти со стотици луѓе и потоа одбирала дел од нив кои би биле радикализирани и индоктринирани, наведува полицијата.