Свет
12. January 2016 - 11:12

Во Саудиска Арабија за 12 дена извршени 51 егзекуции

Над 50 егзекуции се извршени во Саудиска Арабија од почетокот на годината.

Во Ријад утрово егзекутиран е Саудиец, кој застрел сонародник, со што бројот на погубени лица се искачи на 51 од почетокот на 2016.

На 2. јануари беа погубени 47 лица под обвинение за тероризам. Меѓуи егзекутираните беше и шиитскиот свештеник Нимр ал Нимр.

Минатата година во Саудиска Арабија беа извршени 153 смртни пресуди, рекорден број во последните две децении.