Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи беа уништени, а пожарникарите се борат со бројни пожари, објави на својот канал на Телеграм раководителот на локалната воена администрација на Запорожје, Иван Федоров.
„Вечерва непријателот повторно го нападна Запорожје. Имаше најмалку десет летови над градот. Едно лице беше убиено. Девет беа ранети“, се наведува во соопштението, пренесува Укринформ.
Според Федоров, уништени се згради и приватни куќи, изгорени се автомобили, скршени се прозорци, оштетени се дворови, а електричната енергија и водата се во прекин.
„Од првите минути по нападот, нашите спасувачи, комунални работници, лекари, енергетски работници и полицијата работат на терен“, рече Федоров.
Укринформ објави дека Русите извршиле најмалку 10 напади со дронови и касетни авио-бомби врз Запорожје, а во некои области имало прекин на електричната енергија и водата.
МИА
Ново на Сител
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

СДСМ ќе поднесе закони за намалување на данокот и акцизата на нафтените деривати и ДДВ за храната
-

ДУИ: Владата да донесе итни мерки
-

Филипче: Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, затоа е исклучен од партијата
-

Штрајк со глад пред ПС Свети Николе поради исчезнатата сопруга
-

Охрид има услови за развој на планински туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Цената на горивата повторно драстично се покачи - Каква е состојбата на бензиските станици?
