Свет
10. April 2018 - 12:01

Во Русија од почетокот на годината разбиени 12 терористички ќелии

 Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) од почетокот на годината разби 12 терористички ќелии, соопшти денеска директорот на ФСБ Александар Бортиков на состанокот на Националниот комитет за борба против тероризмот. 

- Разоткриени се дури 12 тајни терористички ќелии. Од почетокот на годината уапсени се 189 членови на банди и нивни соработници, наведе тој. 

Бортников, кој претседава со Националниот комитет за борба против тероризмот, изјави дека во акциите на ФСБ биле убиени 15 припадници на терористички ќелии.