Во Рим пронајдена древна мермерна статуа на Херкул
При поправка на канализацијата под парк во Рим, пронајдена е античка римска статуа на Херкул, која најверојатно датира од времето на Римската Империја (27 г. п.н.е. – 476 г. н.е.).
„Ова место ни приреди големо изненадување – мермерна статуа во природна големина. Поради тојагата и наметката од лавовска кожа, знаеме дека станува збор за отелотворение на Херкул (Херкулес)“, објави Археолошкиот парк „Апија антика“ на својот Фејсбук-профил.
Работниците ископувале на длабочина од 20 метри и нивните активности, како што често се случува во италијанската престолнина, биле надгледувани од археолози. Ваквите наоди се чести на подрачјето на цела Италија – лулката на Стариот Рим.
Во областа на Сиена во ноември лани беше откриена низа бронзени статуи што останале зачувани под земјата околу 2300 години. Повеќето од 24-те статуи биле пронајдени под бањи, заедно со околу 6.000 бронзени, сребрени и златни монети. Во тој период во областа се мешаат постарата етрурска и завојувачката римска култура.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 59.59% oд гласовите Силјановска Давкова 197.741 - Пендаровски 97.592
-
Двојна предност на Силјановска пред Пендаровски од 50,3% обработени гласа
-
ДИК: 46,36% oбработени
-
ВМРО-ДПМНЕ: Обработени 13,44% од гласовите - Силјановска Давкова 109.692, Пендаровски 48.553
-
Тошковски и Бојмацалиев: Граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата, во мирна, безбедна и демократска атмосфера
-
ВМРО-ДПМНЕ: Од обработени 8,21% Силјановска Давкова 66.482, Пендаровски 28.490
-
Ѓорчев: На 15% на ниво на Македонија Силјановска Давкова 43.466, Пендаровски 18.213
-
ЈО: До затворање на избирачките места не е пристигната ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите