Loading Video...
Фудбал
12. August 2020 - 15:00

Во Прилеп ќе се игра фудбал и под рефлектори

На градскиот стадион во „Гоце Делчев“ во Прилеп, ќе може да се играат натпревари во ноќните термини, односно под рефлектори. 
 
Имено, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со средства од “Хет-трик” програмата на УЕФА го финансираше поставувањето на целосно нова тревна подлога (тревни бусени) со модерен дренажен и систем за наводнување, но и многу позначајно е тоа што се постави и целосно ново рефлекторско осветлување кои ги исполнуваат критериумите за одигрување на вечерни натпревари, па сега на стадионот има можност да се одигруваат и натпревари под рефлектори. 
 
Претставници на федерација извршија примопредавање со Општина Прилеп после целосното завршување на инфраструктурите работи на стадионот “Гоце Делчев” во Прилеп кои беа во надлежност на ФФМ. 
 
Според договорот кој го презентираа од „куќата на фудбалот“, сега стадионот е целосно во надлежност на Општина Прилеп, а општината треба да изгради посебна трафостаница за користење на новото осветлување на стадионот “Гоце Делчев”, а љубителите на фудбалот се надеваат дека во многу скоро време општината ќе го заврши својот дел од работите поврзани со трибините и поттрибинскиот простор и конечно стадионот ќе го добие својот вистински фудбалски лик во еден од најфудбалските градови во нашата земја.