Во прекин осветлувањето на магистралниот пат Битола-Меџитлија
Секторот за односи со јавност на Општина Битола информира дека изминативе два дена во прекин е јавното осветлување на магистралниот пат што води кон границата со Република Грција.
Прекинот е на сообраќајната делница од Битола до населеното место Кравари.
– Прекинот на јавното осветлување е предизвикан при изведување на градежни работи за дислокација на енергетски кабли што се наоѓаат во заштитниот појас на трасата на железничката пруга, во непосредна близина на царинскиот терминал. Од ЕВН добивме информација, нагласуваат од Општината, дека прекинат е доводниот кабел за уличното осветлување на делницата од магистралниот пат Битола – Кравари, а дводневниот дефект ќе биде отстранет во текот на денешниот ден, посочуваат во соопштението од тамошната локална самоуправа.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто