Македонија
28. March 2018 - 15:18

Во прекин магистралниот пат од Истибања до Македонска Каменица

Магистралниот пат од село Истибања до Македонска Каменица е во целосен прекин од 14.45 часот, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Прекинот е поради изведување на работа на патот од страна на „Македонија пат“.