Македонија
8. March 2016 - 13:28

Во пожар во Скопје изгоре цела куќа

Вчера околу 13 часот на улицата „Демирхисарска“ во Скопје, во куќа сопственост на Ш.Ќ., од засега непознати причини избувнал пожар при што истата целосно е опожарена, додека на куќата сопственост на Р.М. била опожарена само кровната конструкција.

Пожарот е локализиран.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.