Свет
22. December 2015 - 9:33

Во пожар уништен Музејот на португалскиот јазик во Сао Паоло

Силен пожар целосно го уништи вчера Музејот на португалскиот јазик, кој е сместен во историскиот центар на бразилскиот град Сао Паоло. Во гаснењето на пожарт загина најмалку еден пожарникар.

Зградата, која е изградена во 19. век во моментот на избувнувањето на пожарот била празна, бидејќи во понеделник Музејот е затворен за посетители.

Во изложбените сали на уникатниот Музеј, распоредени на три ката, нема ниту книги, ниту слики, а историјата на португалскиот јазик и неговиот развој во Бразил на посетителите им се презентира преку сложени мултимедијални инсталации.