Свет
23. November 2020 - 8:58

Во последните десет дена во Нагорно-Карабах се вратиле околу 9.000 ерменски бегалци

Од Ерменија во Нагорно-Карабах од 14 ноември досега се вратиле 9.000 бегалци, кои биле придружувани од руските мировници, јави Тасс.

Како што објави руското Министерство за одбрана, речиси 9.000 мигранти успеале да се вратат во Нагорно Карабах од 14 ноември. Иако во првите денови нивниот број не надминуваше неколку стотици луѓе, сега илјадници луѓе сакаат да се вратат дома, тие доаѓаат на собирното место во Ереван“, соопшти руската агенција.

Триесетина автобуси секој ден организирано заминуваат за Степанакерт.

„Конвојот вклучува и лични автомобили, со патници и предмети за домаќинството, вкупно неколку стотици автомобили“, додаде Тасс.