Во Париз покрај Богородичната црква е откриен автомобил натоварен со боци за гас
Еден пар е притворен во Париз по откривањето на автомобил во кој имало седум боци за гас, во петтиот арондисман на Париз, еден од најтуристичките делови на француската престолнина, јавува дописникот на МИА.
Автомобилот Пежо 607, бил паркиран во близината на Богородичната црква, а на седишетото имало една празна боца, додека шест полни биле во багажникот. На боците не се најдени детонатори или механизми за палење. Автомобилот не бил пријавен како украден.
Минатата ноќ во Оранж на југот од Франција на одморалиште на автопат била уапсена една двојка, маж од 34 години и жена од 29. Двајцата им биле познати на разузнувачките служби, откако покажале симпатии за Исламската држава.
Автомобилот бил откиен од минувач, кој забележал боца во автомобилот и документи на арапски јазик. Потоа деминерите ги откриле шесте други боци. Регистерските таблички биле извадени на автомобилот. Но по бројот на шасијата истражните органи дошле до двете уапсени лица.
Министерот за внатрешни работи не го коментираше случајот, но потсети дека од почетокот на годинава се уапсени 260 лица, од кои најголемиот број се во затвор, затоа што голем број подготвувале атентати.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари