Балкан
21. July 2017 - 13:38

Во овој момент почнал разорниот земјотрес: Дувала роденденска свеќа, небото светнало па се почнало да се руши

Снимки од силниот земјотрес кој рано утрово ги погоди Грција и Турција не престануваат да се појавуваат на социјалните мрежи. Една таква го покажува моментот токму кога во Турција почнува да се тресе.

Всушност, една жена славела роденден а токму во моментот кога ја дувала свеќата почнал хоророт.

Тлото почнало да се тресе, а тогаш настанала паника меѓу гостите на роденденот.

Одеднаш небото го осветлила силна светлина, целата околина ја обземала темнина, а меѓу масите се појавила вода.

Погледнете го видеото: