Македонија
1. September 2016 - 15:29

Во основните училишта во општина Ѓорче Петров запишани 409 првачиња

Оваа учебна година во основните училишта во општината Ѓорче Петров запишани се 409 првачиња. 

Градоначалникот на општината Сокол Митровски денеска во ООУ„Димитар Поп Георгиев-Беровски“ на учениците им посака среќен почеток и успех во учебната 2016-2017 година, а на првачињата успех во стекнувањето нови знаења.