Свет
4. August 2017 - 9:20

Во Океанија запленети 1,46 тони кокаин

Француската Воена морнарица заплени 1,46 тони кокаин во јужниот дел на Пацификот и уапси четири члена на екипажот на еден брод, за кои се претпоставува дека се од Литванија или Летонија.

Дрогата е откриена на јахтата „Афалина“ која половела од Јужна Америка кон францускиот прекуморски департман Нова Каледонија.

Вредноста на запленетиот кокаин изнесува 256 милиони долари.

- Благодарни сме поради акцијата на француските власти кои стопираа значителен товар дрога што требаше да пристигне на улиците на Австралија. Тоа је покажува важноста од примената на меѓународното право и заедничката работа на разузнавачките служби во разбивањето на транснационалните криминални организации, изјави извршниот директор на австралиската Комисија за кривично-разузнавачки работи Кол Бланч.

Тој додаде и дека дрогата е уништена во печка во Нова Каледонија.