Балкан
16. April 2021 - 12:26

Во Нови Сад со солзавец и метална шипка нападнат новинар

Милиновиќ успеал да ја покрие главата со рацете, а по зададените удари, напаѓачите избегале.

Радио водителот од Нови Сад, Дашко Милиновиќ денес е нападнат од двајца маскирани напаѓачи, кои го претепале со метална шипка и го испрскале со солзавец во очите.

Нападот се случил околу 6.45 часот.
 
Милиновиќ успеал да ја покрие главата со рацете, а по зададените удари, напаѓачите избегале.