Македонија
25. January 2017 - 15:46

Во ноември 79,8 отсто од потрошената струја од домашно производство

Македонија лани во ноември вкупно потрошила 695.934 мегават часови електрична енергија, 33.459 милиони нормални метри кубни природен гас, 464.200 тони јаглен и 97.561 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2016 година 79,8 отсто од потрошената електрична енергија во земјава е од домашни извори, а 94,6 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен е употребена за производство на струја.