Свет
11. October 2020 - 17:35

Во Минск судири помеѓу полицијата и демонстрантите, приведени и новинари

Полицијата и демонстрантите денеска се судрија во Минск откако припадниците на белоруските безбедносни сили се обидоа да го растурат протестот и почнаа да приведуваат.

Демонстрантите возвратија фрлајќи предмети врз полицајците.

Руската новинска агенција ТАС С јави дека приведени се тројца нејзини дописници, кои имале добиено акредитации од белоруското Министерство за надворешни работи.

Белоруската полиција привела уште еден новинар на ТАС С, заедно со тројца дописници на новинската агенција БелаПАН и еден фоторепортер на белорускиот весник „Нови час“.

По спорните претседателски избори одржани на 9 август, граѓаните протестираат тврдејќи дека изборните резултати се фалсификувани и бараат оставка од претседателот Александар Лукашенко.