Во јули и август санкционирани 1529 мотоциклисти
Секторот за сообраќајни работи во Одделот за униформирана полција при Бирото за јавна безбедност, во координација со организационите единици за контрола и регулирање на сообраќајот на територијата на Република Северна Македонија во текот на јули и август 2020 година спроведе зајакнати акциски контроли за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли.
Во текот на акциските контроли се констатирани 1529 прекршоци кај оваа категорија учесници во сообраќајот, односно 326 учесници управувале со мотоцикл пред да се стекнат со право за управување (без возачка дозвола), 154 учесници управувале со нерегистрирани и со измината важност на регистрација на мотоциклот, 855 учесници не користеле заштитен шлем (кацига), а констатирани се и 121 други прекршоци направени од страна на оваа категорија учесници во сообраќајот.
Исто така, при контролите задржани се 23 мотоцикли за утврдување на техничка исправност, при што кај 12 мотоцикли се откриени технички недостатоци, а еден мотоцикл е привремено задржан, кој е предмет на сомнение за сторено кривично дело.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација