Македонија
25. September 2019 - 14:24

Во јули годинава 95,1 процент од потрошената струја од домашно производство

Во јули годинава во државава биле потрошени 552.516 мегаватчасови електрична енергија, 36.567 милиони нормални кубни метри природен гас, 435.021 тони јаглен и 105.420 тони нафтени продукти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Домашното производство на електрична енергија во јули годинава учествувало со 95,1 процент во вкупната потрошувачка на струја,  а 93,7 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.