-->
-->
Во Јадранско Море се урна воен хеликоптер
-->
Во близина на хрватскиот остров Зларин, во Јадранското Море се урна воен хеликоптер, соопшти хрватското Министерство за одбрана. Според Шибеник.ин, во морето е пронајдено тело на една личност, кого спасувачите околу пладне го извлекле од морето.
До падот на хеликоптерот Kiowa ОХ-58 дошло за време на тренажен лет, кој почнал денеска во 10.30 часот. Хрватското МО информира дека се преземаат сите мерки и активности со цел пронаоѓање и спасување на екипажот.
– Засега не знаеме колку луѓе биле во хеликоптерот. Сите околности ќе бидат истражени, соопшти полицијата во Шибеник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата