Балкан
25. December 2020 - 12:59

Во Хрватска повеќе од 80 починати за еден ден

Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 84 смртни случаи и 1.643 новоинфицирани лица со коронавирус.

Бројот на активни случаи во Хрватска во моментов е 13.881, од кои 2.662 пациенти се во болница, а 280 се на апарати за дишење, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска, со новиот коронавирус се заразени 203.962 лица, од кои 3.548 починаа, а вкупно закрепнааи 186.553 лица, од кои 3.001 во последните 24 часа.

Во моментов има 45.275 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 989.014 лица, од кои 6.164 во последните 24 часа.