Балкан
10. May 2021 - 8:38

Во Хрватска почнуваат пилот проекти за забави со вакцинирани граѓани

Хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита нема да ги олесни епидемиолошките мерки до крајот на месецот, но затоа ќе спроведе пилот проект за одржување на разни настани во кои ќе учествуваат само целосно вакцинирани граѓани, односно луѓе кај кои минале две седмици од втората доза на вакцината.

После тоа ќе бидат организирани собири на кои ќе бидат присутни оние што имале коронавирус во последните шест месеци, пренесува Јутарњи лист. Една недела по настанот, учесниците на ваквите собири ќе бидат тестирани со ПЦР тестови, и ако се покаже дека немало пренесување на инфекцијата, постепено ќе се зголеми бројот на оние кои ќе можат да присуствуваат на вакви настани.
 
Се истакнува дека сите учесници ќе учествуваат доброволно, и за време на настанот, тие нема да носат маски или да одржуваат физичка дистанца.

Од резултатите зависи дали следниот чекор кон поголемо отворање ќе биде дозволување концерти и други поголеми настани со повеќе луѓе кои имаат некаква форма на заштита.