Во Хрватска изборен молк пред утрешните локални избори
Изборен молк стапи на сила во Хрватска на полноќ пред локалните избори в недела. Државната изборна комисија ги повика сите учесници и медиумите да го почитуваат изборниот молк, во спротивно тие ќе бидат санкционирани.
Предвидени се парични казни од 3.000 куни за физичко лице до половина милион куни за правно лице, односно политичка партија, за кршење на изборниот молк.
Кандидатите кои ќе го прекршат изборниот молк ќе бидат казнети со парична казна од 10.000 до 30.000 куни.
Повеќе од 38.000 кандидати се кандидираа за локалните избори – нешто помалку од пред четири години.
На изборите за градоначалници на најголемите градови, Загреб, Сплит, Риека и Осиек, предизборните анкети предвидуваат неизвесна борба и втор круг избори.
Убедлив фаворит за влез во вториот круг во главниот град е кандидатот на зелено-левата коалиција „Можеме“, Томислав Томашевиќ, кој најавува „почеток на крајот на политичкиот октопод“ во Загреб, управуван од неодамна починатиот градоначалник Милан Бандиќ .
На денот на локалните избори, хрватските граѓани со право на глас ќе можат да влезат во земјата без оглед од која држава доаѓаат. Пристигнувањето во Хрватска од други земји заради гласање ќе се смета за пристигнување од итни лични причини за лица кои имаат право на глас на локалните избори во Хрватска, а тоа се лица кои нужно мора да престојуваат во Хрватска.
Тие ќе бидат исклучок од Одлуката за привремена забрана и ограничување на прекугранично преминување и не треба да имаат сертификати за тестирање на вирусот или сертификати за вакцинација. За оние кои доаѓаат по оваа основа, општо правило е дека тие не смеат да останат во Хрватска повеќе од 12 часа, во спротивно ќе се применуваат епидемиолошки мерки за нив.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок