Во Хонг Конг предупредуваат за трет бран на епидемијата на новиот коронавирус
Властите во Хонг Конг, кои успешно се бореа против пандемијата на коронарвирусот, сега предупредуваат за можен „експоненцијален раст“ на нови случаи, како резултат на зголемувањето на локалниото пренесување.
Од неделата, Ковид 19 е дијагностициран кај 65 лица, вклучувајќи 31 локално пренесен случај што се нарекува „трет бран“ на пандемијата во Хонг Конг.
Инфицирани се таксисти, работници во ресторани, медицински лица и лица во домови за нега на стари лица, јави Си-Ен-Ен.
– Можно е да се работи за голема епидемија. Можно е ненадејно експоненцијално зголемување на бројот на заболени, изјави д-р Чуанг Шук-кван од Центарот за здравствена заштита.
Во Хонг Конг регистрирани се 1.324 случаи на заболени од почетокот на епидемијата, а само седум лица починаа.
Причината за таквиот успех на градот во сузбивањето на Ковид-19 е воведување на карантин за луѓе кои доаѓаа од странство, ефикасно следење на контакти, подготвеност на граѓаните да носат заштитни маски, да ги почитуваат мерките за хигиена и социјалната дистанца.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка