Живот
3. February 2017 - 20:12

Во гробница пронајдени едни од најстарите секс играчки: Со ова жените се самозадоволувале пред 2.000 години

Неодамна објавени фотографии покажуваат праисториски секс играчки кои некогаш припаѓале на кинеско племенските аристократии.

Два примероци од бронзени секс предмети, стари повеќе од 2.000 години припаѓале на кинеската Хан династија, кога владеела од 206 година п.н.е до 220 година од новата ера.

Пронајдени се во Џијангсу, провинција близу Шангај, во внатрешноста на стара гробница која припаѓала на оваа династија.

Предметите се откриени уште во 2012 година, од тогаш се држени во Јиженг музејот, но досега не беа откриени пред јавноста.