-->
-->
Во Грција за 13 часа регистрирани 44 шумски пожари
-->

Во текот на вчерашниот ден, од шест часот наутро заклучно со 19 часот по локално време во цела Грција биле регистрирани 44 шумски пожари, а интервенирале 382 вкупно пожарникари со 156 возила, пет големи и четири мали авиони и пет хеликоптери, соопшти грчката Противпожарна служба.
Како што jави дописничката на МИА од Атина, се уште е активен и не е ставен целосно под контрола пожарот што изби вчера во близина на античка Олимпија, а пожарникарите и во текот на ноќта се справуваа со огнените јазици.
Според картата за прогноза на опасност од пожари на Генералниот секретаријат за цивилна заштита, за денеска се предвидува голема опасност за областите Евија и Атики.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата усвои предлог за разрешување на обвинителот Коцевски
-

Анкетна комисија за ,,Пулс"
-

Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-
Филипче со петиција против мигранти - Мицкоски: Додека сум премиер Македонија нема да прима мигранти
-

За власта развоен, за опозицијата нереален буџет кој мириса на предвремени избори
-

4% инфлација во ноември: Храната и пијалоците за една година поскапеле за 5,4%
-

Башким Бесими нов претседател на СЈО
-

Транспаренси интернешнл: Македонија е далеку под 50-те земји кои гарантираат борба со корупција
