Живот
13. July 2019 - 13:07

Во градината пред Парламентот во Вермонт им расте канабис: Полицијата вели не е првпат, но никој нема да одговара

Триесетина стебла канабис се пронајдени во градината пред Парламентот во Монтепје, главниот град на американската сојузна држава Вермонт, соопшти полицијата.

Полицијата била известена од посетителите кои го забележале канабисот во градината долж патеката пред зградата на Законадавниот дом.

Шефот на полицијата, Метју Ромеј изјави дека не знае дали се откриени растенија од марихуана или обично семе. Тој додаде дека нема да го проверува тоа, бидејќи не постои кривично дело.

Во Вермонт е легално да се поседува мало количество марихуана за лична употреба, а земјоделците можат слободно да сеат семе од канабис.

Ромеј истакна дека полицајците и претходните години наоѓале такви растенија пред Парламентот.