Свет
2. јуни 2016 - 15:44

Во Германија уапсени терористи-самоубијци членови на ИД

Група од четворица членови на келија на террористичката група Исламска држава (ИД) планирала терористички напади во Германија, објавува весникот „Шпигел“.
 
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, тројца од нив денеска се уапсени од германските власти. 
 
Според сознанијата на весникот ИД во Германија испратила група од неколку терористи со цел да извршат напади во „Стариот град“ во Дизелдорф. Двајца од напаѓачите требало да извршат самоубиствени напади со активирање на елеци со експлозив. 
 
Во терористичките планови бил инволвирани четворица Сиријци од кои двајца во земјата пристигнале минатата година преку балканската рута, по што регрутитале уште еден Сириец а стапиле во контакт со четвртиот Сириец кој што во земјата бил од 2014 година и работел за терористичката организација „Џабат ал Нусра“ како експерт за експлозиви. Групата се движела во покраините Северна Рајна Вестфалија, Баден Вуртенберг и поранешните покраини на источна Германија. 
 
Според безбедносните служби нема докази дека терористичките напади од оваа група биле иминентни и дека групата не била поврзана со заканите за терористички напади за време на Европското првенство во фудбал што треба да започне во Франција од 10 јуни. 
 
Тројцата уапсени ќе одговараат за членство во странска терористичка организација, а за четвриот се води истрага за поддршка на терористичка група.