Во Франкфурт успешно неутрализирана бомба од Втората светска војна
Авионска бомба од Втората светска војна, што беше откриена во Франкфурт, успешно е неутрализирана, откако претходно беше извршена масовна евакуација на околу 65 илјади жителите на овој германски град.
Граѓаните од подрачјето на градот каде што беше пронајдена бомбата вчера беа евакуирани и сместени на безбедни локации, по што германските експерти успешно ја деактивирале.
Полицијата претходно, со специјална електронска опрема за откривање луѓе, ги проверувала сите станбени згради и објекти во „опасната зона“ пред да бидат сигурни дека зградите се целосно празни.
Евакуацијата што беше извршена во неделата и траеше во текот на целиот ден, е означена како најголемата ваква операција во Германија, по завршувањето на Втората светска војна.
Бомбата е откриена во западниот дел од Франкфурт, при копање темели за изградба на нова зграда.
Локацијата на бомбата била 2,5 километри од строгиот трговски центар на градот, во густо населено подрачје со станбени згради, болници, пензионерски домови и центри за нега на неизлечиво болни лица, како и седиштето на германската Централна банка.
Опасната зона„ била широка 1,5 километри од местото каде е пронајдена бомбата.
Во текот на едно од бројните бомбардирања на градот за време на Втората светска војна, бомбата, тешка 1,4 тони, била фрлена од еден од авионите на британското воено воздухопловство (РАФ), но не експлодирала и останала „притаена“ безмалку 75 години.
Германските историчари и воени аналитичари сметаат дека во земјата се уште има стотици илјади неоткриени и неексплодирани бомби.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри