Во Франција в недела втор круг од парламентарните избори
Во Франција в недела ќе биде одржан вториот круг од парламентарните избори на кои се очекува центристичката партија на новиот претседател Емануел Макрон да освои апсолутно мнозинство во парламентот.
Во првиот круг од изборите одржани на 11 јуни, Република напред, освои 32,32 отсто гласови, десничарите Републиканци 21,56 отсто, а екстремно десничарите од Национален фронт 13,20 отсто.
Левицата односно социјалистите кои беа претходно на власт, освои само 9,51 отсто гласови.
По вториот круг од изборите партијата на Макрон може да освои околу 400 од вкупно 577 пратенички места што е многу повеќе од 289 места колку се потребни за апсолутно мнозинство во парламентот.
Изборите на кои право на глас имаат околу 47 милиони Французи ќе се одржат со силни мерки за безбедност. Во целата држава се распоредени дополнителни 50.000 полицајци и жандарми. Во Франција на сила е вонредна состојба воведена во 2015 година по бранот терористички напади во кои имаше 239 жртви.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење